Нови 250 работни места: Италијанска компанија ќе отвори фабрика во Штип
Италијанска компанија за три месеци ќе почне да ја гради фабриката која се очекува да отвори 250 работни места...

Нова инвестиција во технолошко- индустриската зона во Штип. Италијанска компанија за три месеци ќе почне да ја гради фабриката која се очекува да отвори 250 работни места.
„Можам да објавам дека Компанијата „Кондево“ од Италија, лидер во производството на топлотни разменувачи за бојлери и добавувач на светски познатите производители на бојлери не информираше дека донесе одлука за инвестирање во технолошко индустриската развојна зона во Штип. Инвестиција во вкупна вредност од над 40 милиони евра и минимум 250 нови вработувања, во период од пет години“, изјави на собирот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, лидерот на партијата и премиер, Никола Груевски.
Додаде дека компанијата ќе ја применува најновата технологија во оваа област и оти ќе финансира во тренинг на своите вработени со цел да се обучат за производство на нивниот нов патент производ на светскиот пазар.
Потпишувањето на договорот, истакна Груевски, е во владина процедура и компанијата планира да започне со активностите за градба во текот на наредните три месеци.
