На Попова Шапка се одржа детскиот меморијален ски куп
Повеќе од 80 млади скијачи од земјава и соседтвото учествуваа на детскиот меморијален ски куп „Стеве Илиевски Караѓуле“ што по четврти пат се одржа на Попова Шапка. Учесниците беа на возраст од 6 до 16 години. Најавено е дека следната година скијачките клубови од регионов ќе направат заеднички ски календар...

На Попова Шапка се одржа традиционалниот меморијален детски куп во велеслалом „Стеве Илиевски Караѓуле“. На него учествуваа над 80 млади скијачи од земјава и соседството.
Последниве години учеството станува се помасовно што, според организаторот, се должи на добрата подготовка. Ваквите купови за деца се се почести во земјава со што се подинува нивото на скијањето како спорт.
„Имаме медали и за домашните и за странските учесници“, вели Горан Синадиноски – в.д. претседател на СК „Љуботен“.
На купот учествуваа скијачи од 6 до 16 годишна возраст. Најголемиот дел од домашните учесници рекоа дека научиле да скијаат на патеките на Шапка, но често ги посетуваат и странските ски центри.
„Ова ми е втор пат како учествувам на овој куп“, рече Митко Неданоски- учесник на купот.
„Имам освоено две бронзени медали и еден сребрен“, вели Ива Јоргушеска.
„Еднаш освоив петто, а еднаш десетто место“, рече Михаил.
Претставниците на Црна Гора дошле со своите најдобри скијачи. Повеќето од нив се државни шампиони во своите категории.
„Нашиот скијачки тим е најдобар во Црна Гора. Последниве десет години сме екипни државни прваци“, изјави Павле Касум – Црна Гора.
Учесниците од Црна Гора се воодушевени од Попова Шапка. Кога ги прашав за нивните досегашни успеси имаа со што да се пофалат.
„Неколку пати бев шампион на Црна Гора во повеќе дисциплини“, вели Ивана Радовиќ – учесник од Црна Гора.
„Оваа година сум шампион на Црна Гора во својата категорија“, кажа Ивана Радовиќ – учесник од Црна Гора.
„На овој куп еднаш бев прво место и еднаш второ“, рече Петар Касум – учесник од Црна. Гора
Овој куп се одржува седма година, а по четврти пат како меморијал.
Зоран Јованоски
