Стрнските државјани се евакуираат од Јемен
Воздушните напади предводени од Саудиска Арабија против шиитските бунтовници продолжуваат по договорот на земјите од Арапската лига на средбата во Египет да формираат заедничка воена сила...

Поради влошената безбедносна состојба во Јемен, Кина ги суспендираше антипиратските патроли во областа. Повеќе земји, меѓу кои и Пакистан ги евакуираат своите државјани со авиони.
„Нападите беа толку силни, што се тресеа зградите. Мислевме дека нема да се вратиме од овде. Беше ужасно“, вели Надја Акхтар, евакуирана Пакистанка.
Воздушните напади предводени од Саудиска Арабија против шиитските бунтовници продолжуваат по договорот на земјите од Арапската лига на средбата во Египет да формираат заедничка воена сила.
Според експертите, оваа одлука отвора пат за потенцијално агресивен предизвик за Иран, кој ги поддржува јеменските бунтовници. Хути- милицијата и Техеран негираат дека Иран ги поддржува материјално и со оружје, како што тврдат многу арапски и западни земји.
