Грчкиот парламент ќе расправа за предложените реформи на владата на Ципрас

30.03.2015 12:41

Весникот „Етнос“ вели дека вонредната седница е побарана и доаѓа во време кога преговорите на Грција со тројката за листата реформи се наоѓаат во клучен момент...

Грчкиот парламент на вонредна седница, на ниво на лидери, ќе разговара за предложените реформи на владата на премиерот Алексис Ципрас.

Весникот „Етнос“ вели дека вонредната седница е побарана и доаѓа во време кога преговорите на Грција со тројката за листата реформи се наоѓаат во клучен момент.

Пакетот реформи е усвоен од владата и треба да биде претставен на Еврогрупата, која треба да даде зелено светло за деблокирање на дел од траншата за Грција, додека земјата се соочува со проблеми со одржување на дневната ликвидноста, наведува весникот „Катимерини“.

Аналитичарите очекуваат жестока дебата во грчкиот парламент.