Индустриското производство со раст од 3,1% во февруари

30.03.2015 12:46

Според главните индустриски групи, производството во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, бележи пораст кај Енергија за 5,9 %, Капитални производи за 26,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 27,4%...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, порасна за 3,1%.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2015 година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 13,4%, додека во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,2%.

Според главните индустриски групи, производството во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, бележи пораст кај Енергија за 5,9 %, Капитални производи за 26,8%, Трајни производи за широка потрошувачка за 27,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,3%.

Податоците покажуваат дека индустриското производство во периодот јануари - февруари 2015 година, во однос на периодот јануари - февруари 2014 година, забележува раст од 2,1%.