Сведоштва за голготата на македонскиот народ

10.01.2014 17:24

Сведоштвото за тешката судбина

Сведоштвото за тешката судбина и личната драма на децата бегалци, автентично го расплетува документарецот “Сведоци”. Животната приказна ни ги открива вистината и голготата со кои се соочувале во почетокот на 20 век. Режисерот и сценарист  Атанас Чупоски, проектот го почнал во 2010-та. Многу историчари и стручни лица се вклучени во откривањето на макотрпниот живот на децата бегалци од граѓанската војна во Грција, кои животот го продолжиле во Канада.

За документирање на сведоштвата на Македонците протерани од Егејска Македонија во 20 век, несомнено ги потврдува нашите заложби да се легитимираме како нација која знае да ја почитува и да ја валоризира историјата, нација која знае да го почитува минатото и да извлече поуки од него”, истакна министерката Канческа-Милевска.

Досега се документирани и архивирани  427 интервјуа, кои се дел од трилогијата и се прикажани  во повеќе градови во Македонија. До крајот на годинава, според Канческа-Милевска треба да се заокружат и 128-те потресни приказни на Македонците кои живеат во Австралија, снимени во минатата година. Проектот за Македонците протерани од Егејска Македонија е исклучително значаен и има за цел да се зачува културното историско наследство.

Најважно е сочувувањето на националните културни вредности и интереси и зацврстување на културниот идентитет преку архивирање на животните приказни на Македонците од Егејска Македонија во 20 век”, рече директорката на Кинотеката на Македонија Ѓорѓоска.

Долгометражниот документарен филм сведоци, промовиран во Кинотеката  на Македонија, во наредната недела ќе биде прикажан и на Македонската телевизија.

Александра Перевска