Презентирани новите мерки за вработување пред бизнисот

30.03.2015 13:19

660 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на приватните компаниите за да отворат нови работни места и бизнисот да дојде до потребните кадри, рече министерот за труд и социјала, Диме Спасов...

Активните мерки за вработување на маса. Работодавчите на средба со претставници на Министерството за труд и агенцијата за вработување.

660 милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на приватните компаниите за да отворат нови работни места и бизнисот да дојде до потребните кадри, рече министерот за труд и социјала, Диме Спасов.

Преку намалените трошоци на компаниите, мерките треба да овозможат да ги мотивираат работодавачите да го зголемат бројот на  нивниот кадар и да овозможат развој на компаниите.

Ова е 15-ти форум кој има за цел информирање на работадвачите кои можат да ги искористат овие придобивки.

Според претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, ова е можност за компаниите да го подобрат работењето.

Со сите отворени огласи мерките може да се комбинираат и преку практиканството компаниите да добијат квалитетен кадар. Можноста е подеднаква и за младите и за повозрасните, велат од Агенцијата за вработување.