„Руле турс“ и натаму ќе управува со Автобуската станица во Скопје
30.03.2015 13:31
На аукцијата учествуваа уште две компании, а документација првично подигнале седум, само три го уплатиле гарантниот депозит...

„Руле турс“ и во следните 15 години ќе стопанисува со автобуската станица во Скопје. Понуди највисока сума, 213 милиони денари на јавното наддавање за закуп и стопанисување.
На аукцијата учествуваа уште две компании, а документација првично подигнале седум, само три го уплатиле гарантниот депозит.
„Руле“ и во изминатите 10 години беше закупец на транспортниот центар.
