Како да ги спречите пролетните алергии?
30.03.2015 13:37
Сите кои имаат проблеми со пролетните алергии можат да ги олеснат симптомите со пририоден напиток...

Пролетните алергии се честа и непријатна појава, и ретко можат да се излекуваат на природен начин, но сепак е можно нивно спречување.
Сите кои имаат проблеми со пролетните алергии можат да ги олеснат симптомите со пририоден напиток.
За подготовка потребни се: еден морков, два поголеми портокала, половина краставица, 5-10 листови нане, 20 грама свеж корен од ѓумбир.
Сите состојки треба добро да се измијат и излупат, а потоа се ставаат во блендер.
Портокалите го заштитуваат имунолошкиот систем бидејќи се одличен извор на витамин Ц, нането е одлично природно инхалаторно средство за респираторниот систем, кој најмногу страда во пролет. Ѓумбирот ги намалува главоболките, кои можат да се појават како резултат на често кивање, а освен тоа е и моќен антиоксиданс.
Доволна доза од овој напиток е една чаша дневно, која треба да се испие наутро пред појадок
