„Диатек“ почнува со реализација на инвестицијата

30.03.2015 12:47

Италијанската компанија, која се занимава со дигитално печатење, ќе инвестира 10 милиони евра во ТИРЗ - Скопје1, со предвидени 200 вработувања...

Италијанската компанија „Диатек“ денеска ќе го потпише договорот со Владата за реализација на својата инвестиција во Македонија. Договорот ќе биде потпишан по средбата што претставниците на компанијата ќе ја имаат со премиерот Никола Груевски. 
 
Италијанската компанија, која се занимава со дигитално печатење, ќе инвестира 10 милиони евра во ТИРЗ - Скопје1, со предвидени 200 вработувања. 
 
Производството ќе биде наменето за пазарите на Југоисточна Европа, Медитеранот, Блискиот Исток и Северна Африка. 
 
Компанија, освен во Италија, има производствени капацитети во Швајцарија, Франција, Германија и САД, со годишен обрт од околу 200 милиони евра и вработува 800 луѓе во светот