Шешељ мора да се врати во Хаг
Жалбениот советот на Хашкиот трибунал наложил веднаш да се отповика одлуката за привремено пуштање на Шешељ на слобода и тој да се врати во притвор во Шевенинген, е објавено на сајтот на Трибуналот...

Лидерот на Српската радикалана партија Воислав Шешељ мора да се врати во Хаг, пренесува Танјуг повикувајќи се на објавените информации на сајтот на Трибуналот.
Жалбениот советот на Хашкиот трибунал наложил веднаш да се отповика одлуката за привремено пуштање на Шешељ на слобода и тој да се врати во притвор во Шевенинген, е објавено на сајтот на Трибуналот. Советот повикува веднаш штом ќе биде притворен Шешељ на двете страни(на Србија и на Холандија), да им се овозможи сослушување во согласност со Правилото 65 Б, пренесува Танјуг. Од Советот се бара да спроведе нова постапка за проценка на условите Шешељ повторно да биде ослободен, се заклучува во соопштението.
Воислав Шешељ, обвинет за злосторство на Хрватите и Муслиманите во Хрватска, Војводина и БиХ во периодот од 1991-1993, беше пуштен на привремена слобода, лани во ноември.
