Лабораторија за квалитетен мебел
Македонците преферираат да купуваат убав и квалитетен мебел. Оние што го нудат на пазарот велат дека има и поскап со врвен квалитет, но и мебел на распродажба прифатлив за сечиј џеб.
Македонците преферираат да купуваат убав и квалитетен мебел. Оние што го нудат на пазарот велат дека има и поскап со врвен квалитет, но и мебел на распродажба прифатлив за сечиј џеб.
„Мебелот секако дека има гаранција како и сите наши производи што се продаваат на македонскиот пазар. Минимум, според закон е една година,во Европската унија тоа се 2 години, но има и прозиводители што ги застапуваме а кои сакаат да се одвојат од конкуренцијата, па нудат и 5 и 10 години гаранција“ вели Томе Атанасов, генерален менаџер на продавница за мебел.
Од лабораторијата за тестирање мебел на Факултетот за дизајн и технологии велат дека опслужуваат голем број домашни и странски производители, кои носат на тестирање различен квалитет на мебел.
„До оваа година имаме акредитирано повеќе од 20 постапки и лабораторијата веќе работи комерцијално. Стопанствениците не препознаа, не само домашните, има интерес и од државите околу нас“ Истакна деканот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер
Оваа лабораторија треба да биде пример за другите. Министерот Ристовски ги повика факултетите и институтите сопственици на лаборатории да го забрзаат процесот на акредитација која ќе им донесе дополнителни средства - и за лабораторијата и за факултетот, а ќе им ги намали трошоците на компаниите кои своите производи ќе може да ги тестираат во Македонија, а не во странство.
„Од 80 набавени лаборатории, 47 треба да подлежат на процес на акредитација. Во комуникација со Институтот за акредитација во РМ, досега постапката за акредитирање ја почнале 22 лаборатории. Очекувам во наредните неколку недели постапката да ја почнат и другите лаборатории, со крајна цел да обезбедиме комплетно акредитирани лаборатории кои ќе помогнат за општеството и за развој на научноистражувачката дејност и на бизнис-заедницата“истакна Спиро Ристовски , министер за образование и наука.
Се очекува за 5 години лабораторијата да си ја врати инвестицијата.
Ана Јосифоска
