Изложба на уметнички дела од првиот конкурс за откуп
На конкурсот пристигнале 605 дела од различни визуелни медиуми (слики, скулптури, објекти, инсталации и видеоинсталации) од сите генерации македонски уметници, а петчлената стручна комисија избрала за откуп 64 дела.

Промовирана е изложбата на конкурсот за откуп на ликовни дела од областа на визуелните уметности за 2014-та. Организатори се ресорното министерство, Националната галерија и Музејот на современа уметност.
На конкурсот пристигнале 605 дела од различни визуелни медиуми (слики, скулптури, објекти, инсталации и видеоинсталации) од сите генерации македонски уметници, а петчлената стручна комисија избрала за откуп 64 дела.
По изложбата во Чифте Амам, 21 дело ќе биде дел од збирката на Музејот на современата уметност (МСУ), 15 ќе ги добие Националната галерија на Македонија (НГМ), а некои од делата ќе бидат подарени во државни институции.
Отворајќи ја изложбата во Чифте амам, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека со избраните 64 дела ќе се дополнат фондовите на институциите од ликовната уметност со дела на повеќе еминентни автори кои, како што рече, со своето творештво оставиле траен белег во македонската ликовна уметност.
