Младинскиот супер оркестар за отворање на 38-те Денови на македонската музика
Деновите на македонската музика ќе траат до 9-ти април и, како што соопшти СОКОМ, ќе понудат програма на која ќе прозвучат дела од скоро сите генерации македонски творци...

Од задутре почнуваат 38-те Денови на македонската музика. На почеток ќе настапи Младинскиот супер оркестар со музичари од Македонија, Србија и од Словенија.
Тоа е интернационален симфониски ансамбл кој го сочинуваат млади и талентирани музичари. Диригент на оркестарот е Јелена Шушниќ, која е долгогодишен музички педагог и идеен творец на проектот.
Деновите на македонската музика ќе траат до 9-ти април и, како што соопшти СОКОМ, ќе понудат програма на која ќе прозвучат дела од скоро сите генерации македонски творци. Ќе има настапи на голем број уметници од Македонија и од странство.
