Кошарка
Соколи ќе играат во Супер лигата
30.03.2015 15:23
Карпош Соколи 2000 најдоцна до среда треба да предложи термин, со приложување на комплетна документација, што ќе ја верификува МКФ. Воедно, се задолжува Комисијата за Натпреварување при МКФ да изрече соодвени санкции, во рамките од своите овластувања, е официјалниот став на Здружението на прволигаши...

Прволигашите се согласија. Кумановци бараат службена победа на одложениот натпревар.
Карпош Соколи 2000 најдоцна до среда треба да предложи термин, со приложување на комплетна документација, што ќе ја верификува МКФ. Воедно, се задолжува Комисијата за Натпреварување при МКФ да изрече соодвени санкции, во рамките од своите овластувања, е официјалниот став на Здружението на прволигаши.
„Не може Куманово секогаш да биде цел на административни грешки. Секоја година се случуваат работи во кои нашиот клуб делува како жртва. Кажете ми по кој член е одложен натпреварот, кога во пропозициите јасно стои дека треба или да се одложи натпреварот на 24 часа пред меч, кога рокот е јасен – 72 часа. Не сте имале член по пропозициите за да го одложите натпреварот. Сега уште слушаме дека мечот ќе биде закажан за среда. Јас уште сега можам да кажам дека Куманово нема да игра на тој натпревар, нема да патуваме во Скопје. Ова е срамота, еве сега кажувам дека нема да играме, па потоа слободно може пак да се собереме и да не исфрлите од лигата. Ние не сме за Карпош соколи да биде исфрлен од лигата, но мора да има казна за тој неодигран натпревар.“ – е ставот на Кумановци.
Соколи немаа обезбедено документација за трансформација на клубот во акционерско друштво и мечот против Куманово, од првото коло од Супер лигата, што требаше да се одигра во саботата, беше одложен.
Еднаш одложен меч мора да се одигра во текот на следната седмица, во случајов најдоцна до среда. Организаторот на натпреварот предлага термин за одигрување на средбата, среда во 18 часот и до тој рок мора да поднесе документи верификувани од страна на МКФ, е зборот на Натпреварувачката комисија.
Директорот беше на службен пат и недостигаше еден потпис, целата постапка да биде финиширана. Ова е технички проблем и ако до среда немаме се што е потребно, самите ќе си истапиме од лигата, е официјалниот став на Соколи.
Од Кожув потсетија дека во минатото се спасувал и томот на Работнички, од Работнички потсетија дека тогаш се кршеле пропозиции за натпреварување, а не закони, а не беше така одамна кога двата синонима за нашата кошарка, Работнички и МЗТ Скопје, беа пред згаснување, но останаа во елитата.
