Франција: Успешни избори за конзервативците и националистите
Освоија најмалку 65 департмани, за разлика од претходно кога држеа 41 департман...

Француската конзервативна партија УМП на поранешниот претседател Саркози и нејзините сојузници победија во вториот круг од локалните избори. Освоија најмалку 65 департмани, за разлика од претходно кога држеа 41 департман.
„Многумина од УМП поминаа кај Социјалистите. Тоа е доказ дека двете партии немаат врска со нивните политички вредности бидејќи се здружија за да го победат Националниот фронт“, изјави Антонија Дифур, кандидат на Национален фронт.
Екстремнодесничарскиот Национален Фронт на Марин Лепен исто така оствари подобар резултат од претходниот, додека владејачките социјалисти и нивните сојузници изгубија 30 департмани. Изборите се сметаат за тест пред претседателските во 2017-та.
