Шешељ: Не се враќам во Хаг, нека ме апсат

30.03.2015 16:06

Шешељ истакна дека државата ќе мора да ја почитува временската постапка за екстрадиција и дека во тој период ќе се обиде да го оспори барањето на Хаг да се врати, бидејќи во Холандија му се загрозени сите права...

Лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ денеска изјави дека нема доброволно да се врати во Хашкиот трибунал, како и дека стои зад се што изјавил откако се вратил во Белград.  Тој најави дека денеска по пладне ќе биде во Бор, каде ќе зборува на трибина на СРС.

Шешељ истакна дека државата ќе мора да ја почитува временската постапка за екстрадиција и дека во тој период ќе се обиде да го оспори барањето на Хаг да се врати, бидејќи во Холандија му се загрозени сите права.

Жалбениот совет на Хашкиот трибунал денеска побара од Судскиот совет итно да ја повлече одлуката за привремено ослободување на лидерот на СРС Воислав Шешељ и да му нареди да се врати во протвор.