Платите во МВР ќе пораснат за 15 до 20 проценти
Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 10 илјади и 100 припадници на министерството и ќе значи унапредување на стандардот на многу семејства, објасни Груевски на вчерашниот собир во Штип. Вкупното зголемување ќе изнесува од 15 до 20 насто, односно околу 3.000 денари...

Од април годинава до декември 2017-та последователно ќе се зголемуваат платите на униформираните и на овластените лица во МВР и тие ќе се изедначат со платите на униформираните лица во царината.
„Како резултат на долготрајните разговори и усогласувања со Македонскиот политциски синдикат, веќе ги започнавме сите неопходни пресметки кои одат во функција на пресметување на следната априлска плата која ќе биде исплатена во мај. Мерката ќе се имплементира веднаш. Полициските службеници ќе го добијат првото покачување кое ќе биде едно од неколкуте покачувања во периодот што следува“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 10 илјади и 100 припадници на министерството и ќе значи унапредување на стандардот на многу семејства, објасни Груевски на вчерашниот собир во Штип. Вкупното зголемување ќе изнесува од 15 до 20 насто, односно околу 3.000 денари.
„Во периодот од април 2015-та до декември 2017-та ќе се зголемат платите на униформираните и овластените вработени во МВР, со што до декември 2017-та тие ќе се изедначат целосно со платите во царината. Вкупното зголемување на платите ќе изнесуваа околу 15 до 20 проценти“, рече премиерот Никола Груевски.
Инаку платите на униформираните и овластените лица скалесто растат од 2006 година, кога основната плата на униформиран полицаец изнесувала 12.700 за да достигне 15.350 денари во 2014-та, односно во овој период била зголемена за околу 30 насто.
Најавеното зголемување на априлската плата земена во мај ќе биде околу 5 насто.
Зоран Богатинов
