Сите осигуреници со електронски здравствени до јуни
Редици на шалтерите во подрачните единица на Фондот за здравство. Граѓаните кои немаат електронска картичка со часови чекаат за да аплицираат. Се примаат барања, иако последниот рок истече на 31 декември.
-5-6 часа тука сум, и ништо работа не завршив,
-пола година веќе не е пристигната, доаѓаме за картончиња, вака индивидуално, плаќаме автобус,
- не ми ни треба, зашто се чека многу ред,велат анкетираните.

Здравствени електронски картички немаат уште 180 илјади граѓани.
Повеќе од еден милион граѓани веќе имаат здравствена електронска картичка и можат да ја користат како замена на синиот картон.
Матичните лекари велат, електронскиот систем ги забрза прегледите.
-Пациент кој не поседува електронска здравствена картичка која всушност е доказ за платени придонеси и нема картончиња за потврда на платени придонеси, не е одбиен. Постои опција да се провери осугурувањето преку веб порталот на Фондот за здравствено осигурување, меѓутоа ниту еден пациент не е вратен ниту кај нас ниту во повисоките инстанци ниту, пак, во аптеките. вели Христина Лескароска - матичен лекар Поликлиника Бит-пазар.
Од Фондот за здравство очекуваат дека до крајот на јуни сите осигуреници ќе имаат електронски картички.
Андријана Атанасовска