ЕУ со морална одговорност за политичката состојба

30.03.2015 17:09

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, смета дека е потребен разум од сите политички чинители во земјава за разрешување на сите проблеми. Во спротивно, вели, Македонија ризикува да ја изгуби препораката од Европската Унија...

Крајно време е да се промени политичката состојба во државата. Ваква порака испрати француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, на денешната трибина „ЕУ и актуелната политичка криза во Македонија“, организирана од Институтот за европска политика.

„Време е опозицијата да се врати во парламентот и дијалогот повторно да започне. На тој начин собранието ќе продолжи да си ја врши својата работа. ЕУ ги дава сите напори за разрешување на кризата“, изјави Лоренс Оер- амбасадор на Франција во Македонија.

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, смета дека е потребен разум од сите политички чинители во земјава за разрешување на сите проблеми. Во спротивно, вели, Македонија ризикува да ја изгуби препораката од Европската Унија.

Експертите од денешната дебата едногласни- помош од која било страна е добредојдена. Сметаат дека интервенцијата може многу да влијае до враќање на политичкиот дијалог.

Повеќето панелисти истакнаа дека Европската Унија има морална одговорност за моменталната политичка состојба во земјава, зашто долго време, како што рекоа, не остави на милост на Грција.

 

Катерина Топалова