Саркози убедлив на локалните избори
Традиционалната десница на Никола Саркози и ојузниците од центарот освоија 66 од вкупно 101 департмани по вториот круг од локалните избори во Франција. Меѓу нив и бастионите на претседателот Оланд, на премиерот Валс...

Се досега односот на силите беше во корист на левицата, што го наведе поранешниот претседател и сега лидер на УМП, Никола Саркози да изјави дека „Алтернативата е на пат, ништо нема да ја запре“ – ова се истите зборови како и пред една недела.
„Французите масовно ја отфрлија политиката на Франсо Оланд и на неговата влада. Како никогаш досега, мнозинството не изгуби толку многу департани“, нагласи Саркози.
Колку и да уверува премиерот Мануел Валс дека „Французите никогаш повеќе нема да го сакаат Никола Саркози“, сепак тој призна.
„Вечерва републикансkата десница победи на департманските избори. Тоа е неоспорно. Левицата премногу поделена во првиот, забележува јасно отстапување и покрај добриот билан на извршната власт во департманите“, рече Валс.
Мануел Валс, кој со неговата либерално-социјална опција тежеше само 6% кај симпатизерите на социјалистите, донекаде е одговорен за отфрлањето на левицата од страна на французите. Неговата политика не е разбрана и во левото крило на социјалистите, а да не зборуваме за радикалната левица.
Но, тоа што загрижува е вкоренувањето на крајно-десниот Национален Фронт, кој иако не освои ниту еден департман, со своите околу 25% од гласовите, а на некои места и над 40% се наметна како трета политичка опција во Франција, за која французите повеќе не се срамат да гласаат.
„Историски е фактот што вечерва Националниот Фронт се инсталира како политичка сила на бројни територи, оваа исклучително високо изборно ниво е темелот на утрешните изборни победи“, изјави Марин Ле Пен.
Претседателот Франсоа Оланд се наоѓа во „опседа“ во Елисејската палата. Убедени со Мануел Валс дека нивната политика, конечно ќе вроди плодови, дека економскиот раст ќе се врати и со тоа ќе се намали невработеноста, ги наведува да не менуваат ништо.
Но, ако резултатите не се почувствуваат пред декември годинава, регионалните избори сигурно ќе му одзвонат крај на надежите на Франсоа Оланд во 2017-та година да биде повторно избран за претседател на Франција.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
