Грција: Преговори без напредок
Тридневните преговори мегу Грција и нејзините доврители за пописот на реформи за коишто Атина вели дека ги потикне државните приходи за три милијари евра не донесоа напредок, изјавија учсниците од вчерашните Бриселски преговори. Наместо ветениот попис на реформи, грчкиот тим презентирал документи во електронска форма на мобилните телефони и тоа напишани на грчки јазик...

Европската влада очекува Грција до крајот на идната недела да го достави конечниот попис на реформи, бидејќи реформите се предуслов за добивање финсиска помош. Грција се наоѓа во тешка состојба и затоа Брисел нема да прифати за проблем да се најде политичко решение. И германската влада смета дека не треба да се заобиколат правилата. Затоа тука се втемелени уште во правиот пакет 2010- та година.
„Грција за отпалата на долгот нема договор со Германија, туку со тројката. Ако владата вети дека ќе подготви список на реформи тогаш треба тоа и да го направи“, изјави Штефан Сеиберт, портпарол на германската влада.
Европската тројка годинава веќе направи одстапки на грчката влада и одлучи да го продолжи рокот за отплата на долгот за 4 месеци. Но, до денешен ден Брисел чека на ветените грчки рефоми. Спротивно од тоа, без договор со кредиторите Атина воведе и нови социјални издатоци коишто го оптоварија буџетот. Една од мерките е дека владата ќе им опрости половина од долгот на физичките и на правните субјекти кои веднаш ќе уплатат износ од 200 евра, со цел да се зголемат приходите за помош на најзагрозените лица.
„Знам дека долгот на грчките даночни обврзници изнесува над 76 милијарди евра. И јас сум меѓу оние коишто пропаднаа. За мене значи дека ќе симнат голем проблем“, изјави Милатос Балис, банкротиран бизнисмен од Грција.
Ако Атина не постигне договор со тројката, тогаш не ќе може да го сервисира својот јавен долг, кој изнесува околу 320 милијарди евра. Доколку кредиторите го прифатат реформскиот план, тогаш на Грција ќе и одбрат исплата на последната транша помош од 7,2 милијарди евра.
Без финансиска инјекција Грција не ќе може да ги отплати долговите и платите на адмнистрацијата. На грчката влада парите и се потребни за докапитализација на банките отткако Грците само во минатиот месец подигнаа седум милијради евра од стравувањата земјата да банкроитра и можноста да ја напушти еврозоната.
Мирјана Василева
