ЕК одговори- нема да прати експерти во обвинителството
Во дописот Комисијата смета дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца, односно во случај на жалба, Апелациониот суд...

Европската комисија нема да врши надворешната експертиза во содржината на било која поединечна кривична постапка - обвинителството го објави одговорот од Брисел на барањето за мониторинг на процесот поврзан со случајот „Пуч“.
Во дописот Комисијата смета дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца, односно во случај на жалба, Апелациониот суд.
„Иако Јавното обвинителство има капацитети и единствена законска недлежност за водење на истражна постапка, сепак Европската комисија беше поканета преку свои претставници, а во интерес на јавноста и заради намалување на сомнежите за објективноста во постапувањето, да сведочи за транспарентноста и објективноста во работата на јавните обвинители за предметите кои произлегуваат од актуелните случувања“, стои во соопштението од обвинителството.
