На Градежниот Факултет...

Тепачка меѓу директори

10.01.2014 18:07

На Градежниот Факултет...

На Градежниот Факултет после одбележувањето на 45 годишнината од постоењето на јавното претпријатие„Македонија пат“ поранешниот директор Палоши физички се пресметал со актуелниот Гајур Кадриу.

Чуварот на факултетот слушнал за инцидентот, а студентите кои биле на предавања не виделе кога се случила тепачката.

Поради здобиените повреди по тепачката на Кадриу му била укажана лекарска помош.

Според кабинетот на Кадриу,тој иако се здобил со телесни повреди, денеска дошол на работното место и ги обавувал своите обврски.

Официјално и МВР го потврди настанот. На поранешниот директор Палоши, сега универзитетски професор му памагал и неговиот син Висар.

„Откако случајот беше пријавен во полиција излезено е на лице место, разговарано е и со оштетениот, случајот е целосно документиран, така што  уште во текот на денешниот ден ќе биде поднесена соодветна пријава “ – изјави Иво Котевски помошник на министерот за внатрешни работи.

Извори во ДУИ  , партијата чиј кадар е Кадриу велат дека тепачката настанала поради љубомора бидејќи претпријатието покажало многу добри резултати откако на негово чело застанал Кадриу. 

Новинар: Фиљана Кока

Снимател: Шенол Ахмети