Брисел: Заврши првата средба- учесниците се согласија разговорите да продолжат

30.03.2015 19:08

Европарламентарците денеска не понудиле решение, туку само ги ислушале ставовите на двете страни, иако добро е познат нивниот став по ова прашање- опозицијата да се врати во Парламентот, а афетрата „Пуч“ да има судски и политички епилог...

„Сите учесници се согласија разговорите да продолжат“- ова е заклучокот од кусото соопштение од Кабинетот на известувачот во сенка за Република Македонија, Едуард Кукан, по деншните седум часовни средби на Европските парламентарци, Иво Вајгел Едуард Кукан и Ричард Ховит, со претставниците на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ во Европскиот Парламент во Брисел. Нема детали дали и колку се приближени, или пак не, ставовите на двете политички сили.

Ова е прва средба на која европската тројка се обиде да го олесни дијалогот меѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ. Европарламентарците денеска не понудиле решение, туку само ги ислушале ставовите на двете страни, иако добро е познат нивниот став по ова прашање- опозицијата да се врати во Парламентот, а афетрата „Пуч“ да има судски и политички епилог.

Денот поцна со одделни средби, прво со претставниците на Социјалдемократскиот сојуз Радмила Шеќеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер, а потоа со преставниците на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски.

Околу 15 часот пак започна заедничката средба на европската тројка, со најтесното раководство од делегациите на политичките партии, на која присуствуваа само Никола Попоски од ВМРО- ДПМНЕ И Радмила Шеќеринска од СДСМ, како и пеставникот на ЕК Дејвид Кулен, но само во улога на набљудувач.

Денешните средби во Брисел беа зад затворени врати.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ