Во прекин сообраќајот Прилеп-Битола-Ресен поради голем одрон

31.03.2015 08:58

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот...

Поради поголем одрон, сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен, на обиколница Битола, на 100 метри пред тунелот е привремено  во прекин. Сообраќајот се пренасочува низ Битола. На самото место поставена е соодветна сигнализација.
 
Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
 
Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
 
На регионалниот пат Валандово - село Удово, поради обилни врнежи од дожд и надоаѓање на поголема количина на вода и наноси од песок и камења на коловозната лента, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента се до целосно санирање на состојбата.
 
На регионалниот пат Гевгелија - локалитет "Смрдлива вода" во м.в. "Длабок дол", сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.
 
Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 километри. 
 
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
 
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.