Регионален состанок за системите за справување со поплави во ЈИЕ

31.03.2015 09:02

На состанокот ќе бидат разгледани теоретските основи на системот насоки за справување со поројни поплави, со детални истражувања, преку презентација и практична обука...

Во организација на Управата за хидрометеоролошки работи и Светската метеоролошка организација од денеска до 2 април во Скопје ќе се одржи првиот состанок на Управниот одбор на проектот - Систем насоки за справување со поројни поплави во Југоисточна Европа, проект развиен во соработка со хидролошкиот центар за истражување, Американската национална метеролошка служба, а финансиски поддржан од УСАИД.
 
На состанокот ќе бидат разгледани теоретските основи на системот насоки за справување со поројни поплави, со детални истражувања, преку презентација и практична обука, ќе бидат претставени проектните производи, нивната развиена методолија, толкување и валидација и добивање повратни информации за нивен понатамошен развој.