Катастарот отвора шалтер во Драчево

31.03.2015 09:17

Преку трајниот шалтер на Агенцијата, жителите од овој регион ќе може да поднесуваат барања, ќе добиваат потребни документи...

Агенцијата за катастар на недвижности во соработка со општина Кисела Вода денеска ќе отвори шалтер во населбата Драчево.
 
Преку трајниот шалтер на Агенцијата, жителите од овој регион ќе може да поднесуваат барања, ќе добиваат потребни документи и ќе имаат можност секојденвно да се консултираат со стручните лица од Катастарот во врска со нивните имоти.