Завршува забраната за движење на тешки товарни возила во Скопје

31.03.2015 11:10

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, како изведувач на работите, по налог на град Скопје, во текот на денешниот ден ги отстрануваат сообраќајните знаци кои беа поставени за временото ограничување...

Завршува забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачје на градот Скопје, односно на оние возила чијашто најголема дозволена маса надминува 15 тони, информираат од Град Скопје.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, како изведувач на работите, по налог на град Скопје, во текот на денешниот ден ги отстрануваат сообраќајните знаци кои беа поставени за временото ограничување и пренасочување на товарниот сообраќај, односно (времената сообраќајна сигнализација), со цел безбедно и непречно одвивање на сообраќајот по уличната мрежа на град Скопје.