Јемен: Бомбардиран склад со ракети
31.03.2015 11:12
Претходно во авионски напад беше погоден кампот Мизрак за раселени лица на северозападот од Јемен, при што загинале најмалку 45 луѓе...

Коалицијата на арапските земји предводена од Саудиска Арабија во текот на ноќта продолжи да ја бомбардира Сана. Дел од медиумите јавуваат дека бил гранатиран и склад со ракети во близина на јеменската престолнина.
Претходно во авионски напад беше погоден кампот Мизрак за раселени лица на северозападот од Јемен, при што загинале најмалку 45 луѓе.
Кампањата со воздушни напади од страна на меѓународната коалиција е одговор на офанзивата на јеменското шиитско племе Хути, поддржано од Иран.
