Перу: Автобус паднал во бездна, 21 загинат

31.03.2015 11:16

Според властите, се уште не се познати причините за несреќата, а спасувачките екипи тешко се пробиваат до местото на несреќата поради обилните врнежи...

Најмалку 21 лице загина, а 38 се потешко повредени кога автобус излетал од патот на југоистокот од Перу во планинската област на Андите и паднал во бездна длабока 1.000 метри.

Според властите, се уште не се познати причините за несреќата, а спасувачките екипи тешко се пробиваат до местото на несреќата поради обилните врнежи. Ова е втора несреќа за само една недела во Перу.

Претходно на западот од земјата во верижен судир загинаа 38 луѓе, а 84 беа повредени.