Кашмир: 17 загинати во свлечиште
31.03.2015 11:28
Властите во Кашмир издадоа предупредување и побараа од граѓаните да се префрлат на повисоки точки откако надојдената вода ги поплавила пониските делови од земјата...

Најмалку 17 лица загинаа, а едно се води како исчезнато во свлечишта предизвикани од обилните дождови во Кашмир. Припадници на војската со багери се обидуваат да го пронајдат исчезнатото лице под урнатините.
Властите во Кашмир издадоа предупредување и побараа од граѓаните да се префрлат на повисоки точки откако надојдената вода ги поплавила пониските делови од земјата.
Минатиот септември во поплавите настрадаа повеќе од 600 луѓе.
