Нова детска градинка во Општина Јегуновце
Се очекува во текот на оваа година да заврши изградбата на објектот и потоа да започне и опремувањето и со тоа да биде ставен во функција...

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески, поставија камен-темелник на нова детска градинка во Општина Јегуновце, Тетово.
„Со оглед на фактот дека објектот кој што функционира како детска градинка во овој момент е во една лоша сосотојба, и потребно беше да се обезбедат средства и да се започне со изградба на новобјект а не со реконструкција на постоечкиот бидејќи се работи за навистина стар и дотраен објект кој понатаму нема да биде во функција. Токму поради тоа инвестиравме во изградба на детска градинка во Општина Јегуновце и вкупниот проект ќе низнесува над 5.000.000 денари. Очекуваме во текот на оваа година да заврши и изградбата на објектот и потоа да започне и опремувањето и со тоа да биде ставен во функција“, изјави Спасов.
Тој потенцираше дека министерството и понатаму ќе продолжи со инвестиции и оваа година во изградба и отворање на детски градинки во соработка со општините во Република Македонија.
