Ракометарите заглавија на аеродром
Нема полетувања, ниту слетувања. Маглата заглави стотици патници во чекалните на Скопскиот аердором. Од изутрината се чека со часови. Отежнати се и пренасочувањата на Приштинскиот и Охридскиот аеродром исто така поради намалена видливост.
Меѓу нив се нашите ракометари кои од 8 часот изутрината го чекаа чартер летот за данска. Со оптимистички очекувања се и покрај што се доцни , и покрај тоа што вчера дел од репрезентацијата имаше здравствени тегоби.

„ Знам дека сите ќе дадат сто по сто без разлика на сите проблеми што не следеа и вчера и претходно и со повреди. Мора да останеме позитивни и да веруваме дека можеби и по малку чудно но дека секое лошо е за добро“- Борче Ристовски, голман
„ Имаме големи амбиции, добро сме спремни, на чело со нашиот селектор кој е поставен за големи работи и со ракометната федерација, јас се надевамн само на убави работи“- Кире Лазаров, капитен на ракометарската репрезенатција на рм
И дежурните за бодрење, за кревање на натпреварувачкиот дух , за поддршката кога не им е наклонета среќата , верните фанови. Тие се со нив и во добро и во лошо, велат.
Фиљана Кока