Агенцијата за катастар отвори канцеларија во Драчево
Жителите на Драчево побрзо и со помалку трошоци ќе можат да ги вршат постапките околу евиденција на имотите. Во оваа област има околу 12-ина илјади парцели...

Катастарот отвори шалтер во Драчево. Жителите на Драчево побрзо и со помалку трошоци ќе можат да ги вршат постапките околу евиденција на имотите. Во оваа област има околу 12-ина илјади парцели.
„Кон оваа населба и кон селото Драчево гравитираат повеќе од 40.000 граѓани кои сега ќе имаат можност тука да ги добиваат имотните листови, копиите од катастарскиот план и сите други податоци кои ги издава катастарот. Но исто така, во оваа канцеларија ќе имаме и стручни лица од областа на геодезијата и правото, па за сите прашања што ги имаат граѓаните во врска со нивните имоти, со нивните објекти, ќе можат тука да се обратат“, изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески.
Општина Кисела Вода, како што изјави градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ, во континуитет размислува како на практичен начин да им излезе во пресрет на потребите граѓаните.
Со секоја нова содржина од административен карактер сме поблиску до граѓаните и до решавање на проблемите со кои се тие соочуваат во однос на администрацијата, рече Беличанец-Алексиќ.
