Последен ден од преговорите за иранската нуклеарна програма

31.03.2015 14:23

Русија, Франција, Британија, Кина, Соединетите држави и Германија бараат гаранции од Иран дека нема да се обидува да дојде до нуклеарно оружје...

Последен ден за преговарачите од Иран и шесте светски сили пред истекот на рокот за постигнување рамковен договор за иранската нуклеарна програма.

Русија, Франција, Британија, Кина, Соединетите држави и Германија бараат гаранции од Иран дека нема да се обидува да дојде до нуклеарно оружје во замена за попуштање на меѓународните санкции против Техеран.

Главното прашање за кое се расправа е бројот на центрифугите со кои Иран ќе оперира и можното преместување на збогатениот ураниум од Иран.