Масовен прекин на струја низ Турција
31.03.2015 14:28
Не е исклучена можноста да се работи за терористичка активност...

Голем дел од Турција остана без електрична енергија, а се претпоставува дека причината е проблем со далеководите. Според информациите, 25 градови се во темнина, а аеродромите се во колапс бидејќи без струја се и контролните кули.
Премиерот Давутоглу изјави дека надлежните органи детално ги проверуваат причините за масовниот прекин на струја, и за сега не е исклучена можноста да се работи за терористичка активност.
