Понеделник, вториот ден на Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед

31.03.2015 14:40

Вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика...

Понеделник, 6 април 2015 година - вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
 
Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот Велигден.