Снежна бура ги зафати Полска и Чешка
31.03.2015 14:46
Силниот ветер кршел дрвја и гранки кои оштетиле 34 автомобили во Долна Шлезија, а во Вроцлав ветрот урнал еден ѕид на градилиштето на новиот хотел Хилтон...

Ветер со орканска сила кој превртувал и камиони и неочекувана пролетна снежна бура предизвикаа хаос во сообраќајот во Полска и во Чешка. Поради снежните наноси привремено е затворен еден автопат во Чешка.
Силниот ветер кршел дрвја и гранки кои оштетиле 34 автомобили во Долна Шлезија, а во Вроцлав ветрот урнал еден ѕид на градилиштето на новиот хотел Хилтон. Снегот во повеќе делови ја намалил видливоста на 30 метри.
