Албанскиот театар ќе добие нов и современ лик

11.01.2014 19:13

По 4 децении Албанскиот театар ќе добие нов и современ лик. Почнува реконструкцијата на овој објект, кој со децении наназад беше запуштен, а актерите работеа во дотраени и руинирани простории. Владата за неговата комплетна реконструкција издвои 8 милиони евра.

По 4 децении Албанскиот театар ќе добие нов и современ лик. Почнува реконструкцијата на овој објект, кој со децении наназад беше запуштен, а актерите работеа во дотраени и руинирани простории. Владата за неговата комплетна реконструкција издвои 8 милиони евра.

Инвестирајќи во албанскиот театар, инвестирајќи во културата, се инвестира во духовната храна, во совеста издигнувањето на граѓаните”, рече директорот на Албанскиот театар  Адем Карага.

Министерката Канческа рече дека албанскиот театар оставил значаен белег за културата и историјата во Македонија, а уметниците заслужуваат да работат во најсовремени услови.

 Со сестраната поддрша за подеднакво унапредување на културните особености на сите заедници кои живеат во Македонија, бидејќи сите заедно даваме непроценлив придонес во богатата културна ризница, по која нашата земја е препознатлива насекаде во светот.”, истакна министерката Канческа.

Во рамките на овој проект, ќе се интервенира во делот на архитектурата, ентериерот, во делот на акустиката, сценската технологија, аудио и видео системите, термотехничките инсталации, или со еден збор ова ќе биде еден сосема нов лик на оваа установа која што е блиску до речиси нова изградба”, рече Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Груевски истакна дека бранот на инвестиции во театарскиот простор во Македонија продолжува. Во моментов се гради Велешкиот театар, до крајот на овој месец ќе отпочне реконструкцијата на Струмичкиот, а до крајот на оваа година нов лик ќе добие и Тетовскиот театар.

Александра Перевска