Металуг - Радовиш, Вардар - Прилеп, на стартот од разигрувањето за титулата
Драстично ослабениот Металург одбраната на тронот ја почнува во меч со третопласираниот по суперлигашката фаза, Радовиш, додека вицепрвакот Вардар, го пречекува Прилеп кој беше втор во Супер лигата...

Ракометниот плеј - оф за титулата ја збогатува домашната спортска понуда идниот викенд. Во РФМ денеска ждрепката ја оформи календарската и натпреварувачка шема која ќе биде финализирана во првиот викенд од јуни.
Драстично ослабениот Металург одбраната на тронот ја почнува во меч со третопласираниот по суперлигашката фаза, Радовиш, додека вицепрвакот Вардар, го пречекува Прилеп кој беше втор во Супер лигата.
Моменталниот однос на силите според сите параметри, најавува дека е Вардар прв фаворит за превземање на тронот. Токму затоа највозбудлива треба да биде трката за втората позиција која обезбедува сигурно Сеха лига.
За тоа место има два кандидата, Металург и првакот по лигашката рунда Зомимак, кои првата пресметка во разигрувањето ќе ја имаат во третото коло во Скопје на 11-ти или 12-ти април. Реваншот е закажан за крајот на мај.
Првото големо дерби Вардар-Металург е во петата односно во деветата рунда во вториот и во последниот викенд од мај.
Поради настапите на нашите репрезентации, можни се и корекции во термините, но се знае дека Првенството стартува овој викенд со натпреварите: Металург - Радовиш, Вардар - Прилеп и Зомимак - Пролет.
И оваа сезона натпреварите од домашниот ракомет ќе ги гледате на МТВ. Почнуваме в петок со пренос од дуелот Металург – Радовиш.
