Влажноста на почвата предизвика голем одрон на патот Битола- Ресен
Голем одрон од земјиште што се случи на патот Битола- Ресен го блокира сообраќајот. Земјата се расчистува, а возилата се пренасочуваат низ Битола. Причина е големата влажност во почвата...

Од преголемата влажност на земјата во битолско се лизгаат цели ридови. Големото свлечиште што синоќа се појави во близина на ромската населба над 20 часа го држи блокиран собраќајот на магистралниот пат Ресен- Битола кај месноста Битолска клучка. За срека нема човечки жртви или поголема материјална штета, но вознемиреноста кај жителите е голема.
„Секако дека ни е страв се плашиме имаме пет деца и постојано внимаваме на нив затоа што тука движењето станува опасно“, вели Сервет Вејселовска.
Екипи на Мекедонија пат од синоќа непрекинато работаат на терен. Багеристот Ристо за својот 35 годишен стаж интервенирал на многу свлечишта, врли дека ова е едно од поопасните.
„Од синоќа непрекинато работиме но мора да внимаваме затоа што земјиштето сеуште се лизга, а засеците на врвот од ридот се големи“, вели багеристот при битолската подружница на Македонија пат, Ристо Пигеровски.
Интервенцијата ќе се одвива максимално внимателно затоа што има повеќе критични места.
Загрижува тоа што свлечиштето сеуште е активно, а во непосредна близина е локацијата која може да продуцира уште поопасно свлечиште.
Стевче Митревски
