Косово- социјална бомба која отчукува

31.03.2015 16:48

Невладините организации споменуваат уште поголеми бројки. Според нивните податоци, заради заминување во странство од училиштата се отпишале 5200 косовски ученици...

Според извештаите на Европската унија  Косово во последно време го напуштиле преку 50 илјади луѓе заради тешката социјална состојба.

Невладините организации споменуваат уште поголеми бројки. Според нивните податоци, заради заминување во странство од училиштата се отпишале 5200 косовски ученици. Повеќето од оние што заминале го продале имотот и немаат намера да се вратат. Расте бројот на незадоволните а тоа го канализираат  преку движењето Самоодредување-кое многумина го нарекуваат косовска Сириза.

Податоците се алармантни-преку 17% од граѓаните живеат со еден долар дневно, а 40% од работоспособните граѓани се невработени .