Неделкова: Судиите имаат капацитети да се справат со сите предизвици

31.03.2015 16:53

Знаењето и интегритетот на судијата не може никој да му ги земе, па поради тоа секој што предлага кандидат за избор на судија мора да го има тоа на ум...

Првата судијка во земјава, Лидија Неделкова, ги уверува граѓаните дека судиите имаат капаците да се справат со сите предизвици. Таа посочи дека професионалноста, знаењето и интегритетот на судијата не може никој да му ги земе, па поради тоа секој што предлага кандидат за избор на судија морал да го има тоа на ум.

„Ги уверувам граѓаните дека треба да веруваат во правораздавањето пред судовите во Република Македонија, бидејќи судиите имаат капацитет да се справат со сите предизвици, пред се заради тоа што имаат професионални знаења, вештини и професионално се надоградуваат во своето занење, се едуцираат, а нивните одлуки се евалуираат, се проверуваат редовно во две инстанци“, изјави Лидија Неделкова, претседател на Врховен суд на РМ.

Судат според Уставот и законите, но претседателот на здружението ќе се залага судиите при преземањето на функцијата да се заколнуваат и во етичкиот кодекс.

„Мислам дека со тоа интегритетот на судијата во правораздавањето, неговиот дигнитет и професионализмот врз кој треба да се заносва вршењето на судската функција ќе дојдат до израз и дека оние сомнежи што сега ги имаме дека ќе бидат надминати“, смета Николчо Николовски, претседател на Здружението на судиите.

На денот на правосудството во Кривичниот суд студенти, последипломци ги посетија архивата, големата судница за организиран криминал, и специјално тонски опремената судница.  Непосредно, велат се запознаваат со тоа што го учат во теоријата како се применува во практика

„И во изминатиот период бевме во посета на судењата и на рочиштата, при што осознавме и увидовме како теоријата се оживува во практика“, вели Бобан Величковиќ, студент на мастер студии по право.

Врховнито суд ја одбележа седумдесетгодишнината  од своето постоење преку промоција на збирска судски пресуди и мислења, а здружението го презентира модифицарниот етички кодекс.

 

Фиљана Кока