Математиката нема да е задолжителна во државната матура
По долга дебата Министерството за образование и Унијата на средношколци на денешната средба постигнаа договор. За средношколците кои ги изучуваат опшествените наука и оние од стручните училишта, математиката ќе биде изборен предмет...

Математиката нема да биде задолжителна во државната матура. Ќе ја полагаат само гимназијалците коишто се одлучиле да се запишат на природно математичките насоки. По долга дебата Министерството за образование и Унијата на средношколци на денешната средба постигнаа договор. За средношколците кои ги изучуваат опшествените наука и оние од стручните училишта, математиката ќе биде изборен предмет. За гимназијалците пак, коишто го одбрале јазичното подрачје, задолжителни предмети ќе бидат мајчиниот и странскиот јазик.
Министерството за образование во следниот период ќе достави писмо до сите факултети од областа на техничките науки, со кое ќе им препорача, приоритет при уписот, да имаат кандидатите коишто на државна матура го одбрале и го положиле предметот математика.
Дополнително, од факултетите во областа на техничките науки, ќе биде побарано да ја разгледаат и можноста за стипендирање на кандидатите коишто во текот на средното образование оствариле високи постигања поврзани со математичките знаења.
