Аналитичари: Сценарија за дестабилизација
31.03.2015 17:35
Аналитичари велат дека однесувањето на поддржувачите на опозицијата преминува граници на нормално однесување алудирајќи на односот на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов кој повикува на обединување на Македонците и на Албанците против, како што вели, криминалците. Дека СДСМ има повеќе сценарија за насилно уривање на власта, според нив, е и информацијата што ја објави новинарот Васко Ефтов за „Фабрика 2“...

„Подготвени се на се, само насилно да ја урнат власта“ - аналитичарите коментираат за последните повици на лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов за обединување на Македонците и на Албанците против, како што вели, криминалците. А, освен тоа на социјалните мрежи напиша дека е подготвен во битката против власта и неистомислениците да оди со УЧК.
Според познавачите на состојбите, ова е доказ дека сепак некој сака дестабилизација иако постојано се отфрлаат обвинувањата дека тоа е целта.
„Синдромот ’Минхаузен’ е доста често присутен во последно време, а тоа е синдромот кој значи одлепување од реалноста. Тие долго време си создаваат некаква имагинарна реалност која се разбира не кореспондира со она што се случува денес, сега и овде во Република Македонија“, смета аналитичарот Тонски Науновски.
Аналитичари коментираат дека ваквите сценарија се однапред планирани,па дури и дебело финансиски платени.
„Најверојано се палтено за тие нивни обврски да излезат на митинг, или да поттикнат други да излезат, или ако не се платени, тогаш тие што се платени нив ги поттикнуваат, меѓутоа евидентно е дека се работи за слични луѓе“, смета аналитичарот Александар Даштевски.
Дека СДСМ има сценарио за жесток напад на власта, во разни форми, и вербални и на терен, за експертите покажува и информацијата што ја објави новинарот Васко Ефтов дека постои „Фабрика 2“ односно група новинари кои се организирани за фаворизирање на постапките на опозицијата.
„Не гледам назнаки дека некој во СДСМ има лидерски амбиции да го наследи Заев. Повеќе гледам тактика да биде оставен Заев да потоне со својата погрешна стратегија. Но, мислам дека е видлива една друга тенденција, а тоа е обидот на Зоран Заев и Радмила Шекеринска преку формирање „Фабрика 2“ да го исплукаат и медиумски линчуваат секој што не размислува или не се согласува со нивната политика. Не треба да бидеме наивни и да не гледаме дека во тој проект „Фабрика 2“ се регрутирани многу новинари кои беа дел и од проектот „Фабрика 1“ на Владо Бучковски. Во најголем дел, во тој проект „Фабрика 2“ се регрутирани новинари кои работат во медиуми финансирани од Фондацијата„Сорос“, новинари кои се блиски на таа Фондација или новинари кои работат на проекти финансирани од странски грантови“ - вели Ефтов во интервјуто за „Утрински весник“.
Наташа Гркова- Петрушевска
