Мешани бракови: Се повеќе невести од Албанија
Мешаните бракови ја прават сликата за Македонија како земја без предрасуди по сите основи. Во последно време зачестија браковите со невести од Албанија кои овде гледаат шанса за подобар живот, а повозрасните ергени – ново семејство. Еве еден таков случај од Романовце...

Во потрага по подобар живот , без оглед на вера и националност, 27 годишната Несрин пред две години за свој животен сопатник го одрбала Игор од Романовце. Само три пати се виделе пред веридбата, но за да се одлучи да ја напушти родната мала Островица на 30 километри од Дебар пресудно било што во својот избраник видела добар човек со големо срце. Не било лесно вели Нела како што милува да ја викаат , но за кратко време го научила македонскиот јазик , но и нашите обичаи и традиција.
„Пред да прифатам да се омажам за Игор, бев со татко ми, ја видов куќата и местото и многу ми се допадна.Подоцна се научив да работам се.Знам и да месам пита , зелник, кифли, сега за сега се задоволни во куќата“, вели Нела Крстевска, невеста од Албанија.
Игор сега има 37 години. Живее од земјоделие. Како годините минувале така почнал да станува свесен дека овдешните девојки не сакаат да се мажат на село, иако Романовце е на само 5 километри од градот. Идејата за женидба со невеста од Албанија, му дошла откако пред него двајца соседи донеле невести од таму. Тие му помогнале да ја најде својата животна избраничка.
„Прво тие дојдоа, видоа и си заминаа. После тоа ми се јави татко и кажа дојди да си ја земеш. Отидов и така се сврши рабоата. Се вклопи веднаш, брзо учи, се разбира, многу добро се сложуваме“, додава Игор.
Иако доаѓа од ралзичен свет, за кратко време ја прифатиле сите во куќата.Најмногу се радувала мајка му, која е среќна што нејзиниот син сега не сам , а во домот наскоо ќе има и детски џагор.
„Невестата ни е многу добра и дома работи, но и се вработи на патарината тука во Романовце“, вели Вука, мајката на Игор.
Во кумановско има над 30 ергени кои веќе ја минале 4-тата деценија во животот.Мешани брак во Куманоско има и во селата Љубодраг, Умин дол и Старо Нагоричане.
Овој тренд расте, а во Македонија се претпоставува дека има над 3.000 бракови со девојки од Албанија.
Габриела Димковиќ
