Реакции: ЕУ за бугарскиот однос кон малцинствата

31.03.2015 17:48

Европската слободна Алијанса смета дека Европската комисија не jа исполни нејзината улога како чувар на Договорите на ЕУ и дека Бугарија продолжува да го дискриминира македонското малцинство, се вели во соопштението на оваа европска политичка партија...

Европската слободна алијанса (ЕСА) преку својот европратеник Жорди Себастиа, го отвори ова прашање уште еднаш во Европскиот парламент, барајќи од Европската комисија да преземе мерки и да се прекине дискриминаторската политика на Бугарија. 

Имено според соопштението на ЕСА, кое е достапно на повеќе јазици, се вели дека „Бугарија која е веќе 15 години земја-членка на ЕУ,одбива да регистрира член на ЕСА, ОМО Илинден Пирин како легална политичка партија, едноставно поради тоа што го негира македонското малцинство и правото на самоопределување.“

Бугарија не само што се спротивстави на одлуката на Европскиот суд за човекови права, која ја осуди земјата за дискриминација, туку, исто така, постојано го крши членот 2 од Договорот за ЕУ, како и членовите 21 и 22 од Повелбата за фундаменталните права кои го штитат правото на самоопредлеување и заштитата на малцинствата“, се вели понатаму во соопштенито на ЕСА.

Во одговорот еврокомесарката Вера Јурова, које е одговорна за родова еднаквост и правда, индиректно признава дека „Бугарија ги крши основните принипи на ЕУ“, но притоа истакнува „дека Европската Комисија нема ингеренции да интервенира“.

Во продолжение, ЕСА и Жорди Себастиа истакнуваат дека е многу очигледно, дека Комисијата со тоа што не интервенира кога некоја земја-членка ги прекршува основните Договори на ЕУ како и Повелбата за фундаменталните права, всушност тоа однесување  не е во согласност со своите обврски како „чувар“ на овие документи.

 

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ