Вевчанци во завршна фаза, маските се кријат до последен момент
Вевчани живее 365 дена за карневалот кој следи

Маските се чуваат во тајност се до самото дефиле кое ќе се случи во понеделник на 13ти Јануари кога сите ќе бидеме сведоци и во знакот на хуморот и сатирата вевчанци преку маските ќе ни ја претстават изминатата 2013 та година.
На големо течат подготовките за претстојниот вевчански карневал 2014. Вевчанци и оваа година ќе бидат добри домаќини.
- Вевчанците активно се спремаат, односно ги извршуваат последните подготовки за карневалот и карневалското дефиле. 13 и 14ти исклучиво им припаѓа на василичарите. Редовно учествувам на карневолот но маската е тајна, велат вевчанци.
Горна и долна мала во фаза на финиш. Екипата на МТВ ја посети горна мала. Маските се подготвуваат, но никој не смее да каже за какви маски станува збор. Од таму ни рекоа: -Бидета во понеделник во 14.30 ч. па ќе видите какви маски подготвивме за овој карневал.
Градоначалникот на Вевчани задоволен од организацијата. Голем дел од гостите веќе се сместени и пречекани.
- Сите капацитети се исполнети, гостите ги упативме во хотелите Дрим и Макпетрол во Струга а дел од нив и во Охрид, вели градоначалникот Цветомир Угриноски.
Во Вевчани беше видно и присуството на првите пристигнати гости.
- Ние сме мешана охридско-скопска дружина која што престојува во Охрид а еве денеска дојдовме во Вевчани да се информираме за карневалот кој допрва ќе следи, вели посетителот од Скопје.
Во недела најинтересниот дел од вевчанскиот карневал ќе биде концертот на Ван Гог кој ќе започне околу полноќ. Пред него ќе настапат Куку Леле. Некаде околу 2 часот по полноќ, после завршувањето на легендарните Ван Гог следува концертот на Ѓоко Таневски.
Во понеделник вечерта кога се дочекува и Стара-Нова година, вевчанци и гостите ќе уживаат во огнометот кој го подготви општина Вевчани во друштво со Миле Кузманоски, Ефто Пупиноски и Сузана Спасовска.
Новинар: Јованчо Наумоски
