Свеченост на Првата механизирана пешадиска бригада
01.04.2015 09:05
Со указ на претседателот, за Ден на единицата е одреден 2-ри април, кога е трансформирана согласно новата организациско- формациска структура на АРМ...
Првата механизирана пешадиска бригада, најголемата борбена единица на АРМ, ја одбележува годишнината од формирањето.
На свеченоста во гарнизотот Петровец ќе присуствуваат министерот за одбрана Јолевски и началникот на Генералштабот генерал-потполковник Котески.
Со указ на претседателот, за Ден на единицата е одреден 2-ри април, кога е трансформирана согласно новата организациско- формациска структура на АРМ.
Бригадата е целосно компатибилна според стандардите на НАТО, а само во мисијата ИСАФ во Авганистан од нејзините редови учествувале над илјада и 700-ни припадници.
